Zepter International произведува, продава и дистрибуира ексклузивни, високо квалитетни производи за широка потрошувачка ширум светот првенствено со директна продажба преку својата мрежа од преку 120.000 консултанти, а исто така и преку салони за малопродажба. Од своето основање, Zepter тежнее да го унапреди животниот стил на луѓето ширум светот и да стане суштински дел од секојдневното живеење.
Во изминатите неколку децении, Zepter стана глобална компанија со продажба преку своите подружници во преку 40 земји на пет континенти во целиот свет.